ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Македонија најдобро позиционирана во регионот – бележи скок од 19 места за слободата на медиуми

ПодобрЗначителна подобрување на медиумските слободи констатира последниот извештај на „Репортери без граници.“ Македонија бележи скок од 19 места, во споредба со лани кога се најдовме на 57то место, сега котираме на високата 38ма позиција од вкупно 180 земји.

Најдобар резултат се забележува според критериумот „законодавство“, каде се позиционираме на 10то место во светот. Потоа следува политичкиот, социјален и економскиот индикатор, а најлоша оценка е констатирана според индикаторот „безбедност“.

Иако е забележан напредок, во извештајот сепак не изостанаа и критиките.

„Иако новинарите не работат во непријателска атмосфера, широко распространетите дезинформации и недостаток на професионализам придонесуваат за намалувањето на општествената доверба во медиумите, што ги изложува независните медиуми на закани и напади. Дополнително, владините функционери знаат да имаат лош и омаловажувачки однос кон новинарите,“ -извештај Репортери без граници.

Новинарите во земјава го поздравија напредокот, но сепак сметаат дека нема голема причина за славење. Според нив извештајот укажува дека има уште многу работа за подобрување на положбата на медиумските работници.

Покрај сите притисоци и услови за работа, новинарите професионално си ја вршат работата, оценува и евроамбасадорот Дејвид Гир.. Вети дека ЕУ и понатаму ќе биде чувар и силен поддржувач на слободата на изразување и на слободата на медиумите.

„Новинарската работа е честопати тешка, новинарите често се подложени на притисоци, закани и честопати говор на омраза особено во онлајн просторот. Тие се соочуваат со недостиг на отвореност кога собираат информации. Нивниот работнички права честопати не се почитуваат, а во денешниот свет тие се соочуваат со огромни дополнителни предизвици како резултат на ширење на дезинформации секојдневно во јавната сфера, “ истакна Дејвид Гир, евроамбасадор.

Со високото 38мо место,Македонија е пред сите земји од регионот, вклучително и земјите члнеки на ЕУ – Бугарија, која се нјаде на … и Грција која е последна во регионот и 107 во светот.. На врвот по слободата на медиуми се најде Норвешка, додека последното место и припадна на Северна Кореја.ување на медиумските слободи констатира последниот извештај на „Репортери без граници.“

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.