ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

МАКЕДОНИЈА И АЛБАНИЈА ИМААТ ИСКРЕН ПРИЈАТЕЛ ВО СРБИЈА: Претседателот Вучиќ ја оцени не фер одлуката на ЕУ

По последната одлука на Европската Унија да не даде датум за почеток на преговорите за Македонија и Албанија, српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека ваквиот чекор на ЕУ не е фер ниту кон граѓаните, ниту кон лидерите на двете земји. Истовремено порача дека и Македонија и Албанија имаат искрен пријател во Србија.

-Не е фер кон Тирана и кон Скопје како и кон граѓаните и луѓето што ги водат тие две земји. Тие ќе имаат искрен пријател во Србија, и ќе ја подобриме соработката со нив, и сакам да објавам дека имаме важна видеоконференција на 29 јуни“, рече Вучиќ.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.