Лондон брзо ги троши опциите за уреден Брегзит

epa06566509 Pro EU protesters wave a joined EU and Union flag outside of the British Parliament in Westminster, central London, Britain, 26 February 2018. Media reports state on 26 February 2018 that forecasts for the British economy are gloomy with the uncertainty over Brexit. EPA-EFE/ANDY RAIN
Британската премиерка Тереза Меј е во незавидна позиција по синоќешното второ одбивање на договорот со ЕУ од страна на парламентот. Пред пратениците остануваат двете последни опции, да гласаат за напуштање на ЕУ без договор, што речиси сигурно ќе биде отфрлено или да побараат одложување на напуштањето. Колку што изгледа можна опцијата за одложување, толку е и комплицирана.
Проблемот со продолжувањето на Членот 50 е под а) потребно е останатите 27 членки да се согласат и б) што ќе промени? Во смисла нема друг договор на маса и само дополнително ќе ја продолжи агонијата, вели Тони Траверс професор во Лондонската школа за економија.
Ситуацијата пополнително ја комплицираат и европските избори на крајот од мај а бидејќи Британија ја напушта Унијата пожелно е да не учествува на нив.
Ако сакате да излезете за половина година или една година а да гласате за следната европска влада и следниот европски буџет, тоа не е фер. Тогаш како најдобра опција е Тереза Меј, таа може да го повлече писмото за Членот 50. Во тој случај ќе немаме Брегзит и ќе може подоцна да се вратат на тоа. Тогаш е јасно дека тоа е единствената пожност, вели европратеникот Елмар Блок.
Голем дел од пратениците и политичарите кои подржуваа останување во ЕУ, вчера побараа нов референдум. Тоа се јавува како трета и за сега малку веројатна опција. Но парламентот е цврсто поделен по било кое од овие три прашања и во моментов нема мнозинство за ниту едно од нив.
Без јасно мнозинство што ќе се случи по дифолт, како што сите знаеме на автопилот, ако ништо не се случи за 17 дена Обединетото Кралство ќе излезе без договор и тоа ќе биде огромно нарушување на функцонирањето на Обединетото Кралство но и на ЕУ, вели европратеникот Филип Ламбертс.
Нејасна за сега останува и позицијата на владата и нејзиниот став како ќе се продолжи понатаму. Кабинетот на Тереза Меј, според извори на британските медиуми е исто тако поделен по двете можности, додека опцијата за втор референдум не се разгледува таму. Дел од министрите веруваат дека има доволно време за уште еден обид да се протне благо подобрениот договор низ парламентот, додека дел се убедени дека е дојдено времето Британија да излезе од ЕУ а деталите околу идните односи, економски и политички, да се уредуваат по пат.