Лажна вест дека Борис Џонсон е на респиратор
Владата во Лондон ја обвини Русија дека шири дезинформации откако руски медиуми објавија дека премиерот на Велика Британија Борис Џонсон бил на респиратор за коронавирус.
Британскиот премиер беше примен во болницата Сент Томас, откако имаше висока температура и кашлица десет дена по првиот тест за коронавирус, изјави неговиот портпарол.
Тој ги опиша извештаите дека премиерот е на респиратор како дезинформација.
„Специјалните единици во нашата влада забележаа зголемување на лажните извештаи по избивањето на корнавирусот“.
Даунинг стрит исто така одби да потврди дали Џонсон има пневмонија. Премиерот превентивно беше примен во болницата за да биде тестиран“, рече портпаролот.
Џонсон на Твитер и ги потврди информациите од Даунинг стрит, заблагодарувајќи им се и на лекарите.
„… Се уште имам симптоми на коронавирус. Добар сум со духот и имам контакт со мојот тим, додека работиме заедно за да се бориме против овој вирус и да ги сочуваме сите безбедни“ – напиша Џонсон.