ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Лавров: Западот повеќе нема да управува со светската економија

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров кажа дека во иднина значително ќе бидат намалени капацитетите на западните земји да управуваат со светската економија.

Наскоро ќе видиме намалување на можностите на Западот, многу сериозно намалување на можностите да управува со светската економија онака како што тој сака и, сакал или не, ќе мора да води дијалог“, кажа шефот на руската дипломатија Лавров за време на работна средба со главните уредници на руските медиуми.

„Ние, како што повеќе пати кажавме, нема да трчаме по Западот, тие ги прекинаа речиси сите односи. Имаме со кого да ја развиваме соработката во економијата, во социјалната сфера, во културната, во спортската. А ние ќе се фокусираме на оние кои никогаш не нè изневериле и со кои понекогаш сме направиле многу тешки компромиси, но кога тие биле постигнати, никој никого не измамил. Со Западот е токму спротивното“, додаде рускиот министер.

Тој истакна дека владата на американскиот претседател Џо Бајден сака „крајот на историјата“, односно целосната доминација на либералната идеологија во светот, како што ја опиша американскиот филозоф Френсис Фукујама, навистина да се случи.

„Кога Френсис Фукујама пред 30 години, па и претходно, изјави дека дошол крајот на историјата, кога под тоа подразбираше целосна доминација на либералната идеологија, демократијата, либералниот начин на живот, што значи дека конкурентниот светски систем, социјализмот, исчезнал, некое време го исмеваа. Почнаа да зборуваат дека згрешил, дека не треба така категорично да се излегува со прогнози. Ако ја погледнете политиката која ја води администрацијата на Бајден, тие токму тоа го сакаат“, објасни Лавров.

„Американските гласници бараат од секоја држава да заземе антируски став, бараат да се придружи на санкциите, бараат да не комуницира со руските претставници – тоа е одраз на тој обид конечно да се прогласи крај на историјата, конечна и неотповиклива доминација на „златната милијарда““, заклучи Лавров.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.