Лавров до Западот: Ви благодариме што се грижите за нашите национални интереси, но нема потреба
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на денешната прес-конференција зборуваше за низа теми.Лавров се осврна на руската евакуација на децата од украинските сиропиталишта, кажа дека бара информации за тоа каде се наоѓаат жртвите на труењето во Салзбери и дека е мала веројатноста дека неговата земја ќе го продолжи договорот за житото преку Црно Море.
Лавров истакна дека нема причина за загриженост на руските граѓани откако приватната безбедносна компанија Вагнер минатата недела почна оружен бунт бидејќи „земјата секога излегувала поотпорна и посилна од какви било тешкотии“.
„Ако некој на Западот се сомнева, тогаш тоа е ваш проблем – ви благодарам што се грижите за нашите национални интереси, но нема потреба“, кажа Лавров.