Курти им честита на Скопје и Тирана: Косово го слави вашето историско достигнување
Косовскиот премиер Албин Курти им честита на Северна Македонија и на Албанија за денешното официјално започнување на преговорите со Европската унија.На својата официјална страница на Твитер, Курти напиша дека Косово го прославува заедно со Скопје и Тирана нивното, како што вели, „историско достигнување“.„Честитки за Албанија и Северна Македонија за отворањето на преговорите со Европската унија. Косово го прославува вашето историско достигнување и се приклучува на заложбите за реформи кои ќе ги трансформираат нашите земји и ќе го зајакнат нашиот регион во Европа“, напиша Курти.Честитки до Северна Македонија и Албанија за почетокот на преговорите со ЕУ претходно упати и претседателката на Косово, Вјоса Османи.