ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Кремљ: Русија ќе одговори на американските санкции за ќерките на Путин

Санкциите што САД ги применуваат за семејството на Путин зборуваат сами за себе и тешко е да се разбере или објасни тој потег, изјави портпаролот Песков

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, ги коментираше новите санкции што САД ѝ ги воведоа на Русија во семејството на претседателот Владимир Путин.

„Русија дефинитивно ќе одговори. Санкциите што САД ги применуваат за семејството на Путин зборуваат сами за себе и тешко е да се разбере или објасни тој потег“,

рече Песков и додаде дека Путин во текот на денот ќе одржи состанок со членовите на Советот за безбедност.

Во однос на испраќањето оружје во Украина, Песков смета дека тоа нема да придонесе за напредокот на преговорите кои моментално се водат меѓу Украина и Русија.

„Внесувањето оружје во Украина нема да придонесе за успех на руско-украинските преговори“,

изјави портпаролот на Кремљ оценувајќи дека испораката на оружје ќе има негативен ефект.

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба, пред денешната средба со неговите колеги од НАТО, упати повик за повеќе оружје од земјите на НАТО за да се спасат животи во неговата земја.САД вчера воведоа дополнителни санкции кон Русија, овој пат насочени кон ќерките на Владимир Путин – Марија и Катерина.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.