ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Крај на политиката на стратешка двосмиленост: САД ќе го бранат Тајван!

САД ќе го бранат Тајван и имаат обврска да го бранат островот што Кина го смета за своја територија, изјави американскиот претседател Џо Бајден.

Изјавата на Бајден се толкува како прекин на досегашната премолчена политка која ја имаше претходната амдинистрација околу намерите на Пекинг за интегрирање на отцепениот кинески остров во свои граници.

„Да, ние имаме обврска да го направиме тоа“, изјави Бајден за Си-Ен-Ен на прашањето дали САД ќе го бранат Тајван, кој во моментов се соочува со зголемен воен и политички притисок од Пекинг да го прифати кинескиот суверенитет.

Иако според законот од Вашингтон е обврзан да му обезбеди одбрана на Тајван, во минатото долго време се водеше политика на „стратешка двосмисленост“ со дилемата дали САД ќе интервенира воено за да го заштити Тајван во случај на кинески напад.

Во август, официјален претставник на администрацијата на Бајден рече дека политиката на САД кон Тајван не е променета откако претседателот посочи дека САД ќе го бранат островот доколку биде нападнат.

Политиката на САД кон Тајван не е променета, потсети Бајден, додавајќи дека граѓаните не треба да се грижат за воената сила на Вашингтон бидејќи „Кина, Русија и остатокот од светот знаат дека САД ја имаат најмоќната армија во историјата на светот“.

Според Бајден, „треба да се грижат оние кои ќе се вклучат во активности што би ги довеле во позиција каде што би можеле да направат сериозна грешка“, алудирајќи на Кина

„Не сакам студена војна со Кина. Сакам само Кина да разбере дека нема да се повлечеме, дека нема да промениме ниту една од нашите позиции“, додаде тој.

Воените тензии меѓу Тајван и Кина се сметаат за најризични повеќе од 40 години, изјави овој месец тајванскиот министер за одбрана Чиу Куо-Чен, додавајќи дека Кина ќе може да изврши „целосна“ инвазија врз тајванскиот остров до 2025 година.

Тајван се смета дека е независна држава и дека ќе ги брани своите слободи и демократијата.

Кина, од друга страна, смета дека Тајван е најчувствителното и најважното прашање во врските со САД и го осудува, како што рече, „договорот“ помеѓу Вашингтон и Тајпеј.

Пекинг повтори дека Кина бара „мирно повторно обединување“ со Тајван и дека ќе ги сузбие „сепаратистичките обиди“ на владејачката Демократска напредна партија на островот.

„Ние не сме иницијатори за воен конфликт . Напротив, некои земји – особено САД – преземаат опасни дејствија, доведувајќи ја ситуацијата на Тајван во опасна насока“, соопшти Кина.

Оттаму ги повикаа САД да престанат да даваат лажна надеж бидејќи вмешувањето на Тајван во војна дефинитивно не е во ничиј интерес.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.