ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Кој го застаре ТНТ – пинг-понг меѓу Кривичен и Апелација

Скопска Апелација ја префрли топката кон Кривичниот суд Скопје. Два месеци чекавме да ги исправат грешките во куцањето на пресудата за случајот ТНТ и дури по ургенции ни вратија некомплетен предмет.

Осум месеци го чуваа во Апелација пред да ни го вратат на исправка, одговори Кривичниот суд. Случајот беше испратен во Апелација во ноември минатата година, а ни го вратија во јули.

СО ОГЛЕД ДА СЕ РАБОТИ ЗА ПЕРИОД НА СУДСКА ФЕРИЈА, А ИМАЈЌИ ПРЕДВИД ДЕКА СУДЕЧКИОТ СУДИЈА КОЈ ПОСТАПУВАЛ ПО ПРЕДМЕТОТ ВО МЕЃУВРЕМЕ ПОЧИНА, ПА НЕГОВИТЕ ПРЕДМЕТИ БЕА ПРЕРАСПРЕДЕЛЕНИ КАЈ ДРУГ СУДИЈА, ПОСТАПУВАЈЌИ ПО БАРАЊЕТО, КРИВИЧНИОТ СУД ИЗГОТВИ РЕШЕНИЕ ЗА ИСПРАВКА И ИСТОТО, НА 12.09.2023 ГОДИНА, ЗАЕДНО СО СИТЕ СПИСИ НА ПРЕДМЕТОТ ГО ВРАТИЛ НА ПОВТОРНО ОДЛУЧУВАЊЕ ВО АПЕЛАЦИОНИОТ СУД, ОДГОВОРИ ДЕНЕСКА КРИВИЧНИОТ СУД СКОПЈЕ.

Бизнисменот Фијат Цаноски вчера обвини за судско злосторничко здружување за намерно застарување на случајот, и да не може да си ја наплати штетата од 11 милиони евра за уривањето на комплексот Космос во 2011 година. Тој го обвини судијата Ѓоко Ристов од Апелација дека намерно го одолговлекувал случајот.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.