ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Косовска фолклорна група развиори големо албанско знаме на Самоиловата тврдина во Охрид

Знамиња на Република Албанија денеска се вееја на “Самуиловата тврдина” во Охрид. Неколку помали беа развиорени на кулата од тврдината, од страна на лица облечени во машки народни носии, најголемото, кое можеше да се забележи од центарот на градот, беше поставено над главниот влез, веднаш зад големиот јарбол на кој што е истакнто македонското национално знаме.

Први случајот го забележале граѓаните кои што живеат во тој дел од градот, кои веднаш ја информирале полицијата дека најмалку 4 млади лица поставуваат огромно албанско знаме на ѕидините на тврдината.

Од СВР Охрид велат дека полицијата ги презема сите активности за расветлување на случајот.

-Екипа на СВР Охрид веднаш излегла на терен и албанското знаме е тргнато од тврдината. Истовремено се преземаат сите мерки за откривање на причините зошто е постваено знмаето на Република Албанија на “Самуиловата тврдина”, СООПШТУВААТ ОД СВР ОХРИД.

Според неофицијални информации, знамето го поставиле членови на меѓународно фолколрно друштво од Косово. Тие биле во посета на Охрид, и притоа се снимале и фотографирале на “Самуиловата тврдина” со развиоренo знаме на Република Албанија. Тоа било дел од играорен перформанс, а целиот материјал планирале да го пласираат во јавноста.

Тие истакнале дека се дојдени како туристи и дека не знаеле дека не е дозволено поставување на национални симболи од туѓа држава на тврдината и дека немале никаква тенденција да провоцираат некого.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.