Косовска полиција: Јариње и Брњак сѐ уште се затворени за сообраќај, има барикади поставени од криминални групи

Косовската полиција соопшти дека премините Јариње и Брњак се уште се затворени за сообраќај поради барикадите на северот на Косово, објави Коха.
„Поради поставувањето на девет барикади од страна на криминални лица/групи, безбедносната состојба на северот од државата останува иста и како резултат на овие барикади, двата гранични пункта Јариње и Брњак сè уште се затворени за сообраќај“, се вели во соопштението на косовската полиција.
Полицијата информира дека и покрај тешките услови, им помага на граѓаните за сите нивни барања и потреби, како и работи на спречување на кривични дела.
„Полицијата тесно соработува со надлежните безбедносни институции, при преземањето на потребните законски мерки, со цел зачувување на уставниот поредок“, се додава во соопштението.