ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Косово и Србија постигнаа договор за регистарските таблички

Во последен момент и со посредство на Еу Белград и Приштина постигнаа договор за регистарсктие таблички. 

Информациајта за тоа доцна синоќа преку социјалните мрежи ја соопшти високиот претставник на Унијата Џозеп Борел кој изјави дека Србија ќе престане да издава регистарски таблички со имињата на косовските градови, а Косово ќе ги прекине понатамошните активности поврзани со пререгистрацијата на возилата и нема да ги казнува србите на северот од Косово.

-Страните разбираат дека сите минати договори за дијалог мора да се спроведат. Ќе ги повикам двете страни во следните денови да ги дискутираме следните чекори. Би сакал да истакнам дека исто така се договоривме дека во случај на опструкции од била која страна ЕУ може да го прекине процесот.-Џозеп Борел – Висок претставник на ЕУ.

Српскиот Претседадел Вучиќ пак, договорот го оцени како мала тактичка победа, но истакна дека Србија ја очекуваат тешки времиња. Според него, дури и Србија да воведе санкции кон Русија, Европската Унија ќе бара меѓусебно признавање, нешто што за официјален Белград е неприфатливо.

-Во последните седум дена не сум се одморил. Не прашувате кога кој дошол од Брисел, кога стигнал таму, кога се вратил тука, завршил преговори со едни, други или трети. Врие на северот од Косово, меѓу сите Срби на Косово и Метохија политички врие. Сити се луѓето од се и знаат дека ќе имаат поддршка од Србија. Тоа го натера и меѓународниот фактор, бидејќи не им се потребни судири сега, да направат дополнителен притисок на раководството во Приштина. Нашата позиција не е лесна и едноставна, ниту поради меѓународниот фактор кој се однесуваше коректно кон нас, но кој ќе биде на страна на Приштина, изјави Александар Вучиќ – Претседател на Србија.

Вучиќ во обраќањето го спомена и фудбалскиот натпревар меѓу Бразил и Србија и изрази надеж дека мнозинството од македонските граѓани ќе навиваат за Србија.

-Вечерва и во република Српска и во Црна Гора секако, во сите делови на Србија па и на Косово и Метохија, насекаде. Јас верувам и дека нашите браќа Македонци, во најголем дел ширум Македонија ќе навиваат за Србија баш како што ние за бнив на некое од претходните Европски првенства.–Александар Вучиќ – Претседател на Србија.

Главниот преговарач на Приштина, Бесник Бислими пак за косовските медиуми истакна дека прашањето за регистарските таблички повеќе не е на маса и дека тоа ќе се решава како дел од сеопфатниот договор.

-По неколку часовни разговори, постигнавме договор кој ги отвора вратите за почеток на инклузивни разговори за планот предложен од Европската Унија со поддршка на Германија и Франција. Тоа значи дека Србија ќе престане со регистрација и пререгистрација на автомобили, -Бесник Бисмили – Главен преговарач на Косово.

Постигнатиот договор меѓу Белград и Приштина, покрај од ЕУ го поздравија и од САД, од каде порачаа дека со на овој начин е избегната дополнителна ескалација во регионот, а двете страни ги ставиле интересите на граѓаните во прв план.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.