ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Коснет: Очекуваме што поскоро да се формираат новите институции

Амбасадорот на Соединетите Американски Држави во Косово Филип Коснет  се сретна денеска со лидерот на Движењето самоопределување (ВВ) Албин Курти, кому му честита за победата на неговата партија на вонредните парламентарни избори, одржани в недела, на 14 февруари.

По средбата во седиштето на ВВ, Коснет порача дека очекува што поскоро конституирање на новото Собрание и формирање на новата Влада.

– Имав задоволство да се сретнам со Албин Курти и да му честитам на Движењето самоопределување за неговата победа и да разговараме за патот напред на Косово. Ги поттикнуваме партиите да работат брзо за да ги формираат Владата и Собранието, со цел да им служат на граѓаните и да се соочат со предизвиците, напиша Коснет на неговата официјална страница на Твитер.

Апсолутен победник на завчерашните избори е досега опозициското ВВ, со 47,88 отсто од гласовите, со тоа што се уште не се преброени гласовите на дијаспората, која традиционално на последните изборни процеси гласа за партијата на Курти, така што може да се очекува негова уште поубедлива победа.

Please follow and like us:
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.