ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Конфискација на дивоградбите е нереална идеја, вели архитектот Грчев

Предлогот на градоначалникот на Општина Центра, Горан Герасимовски, дивоградбите наместо да се уриваат немаат врска со реалноста, ниту пак се решение што може да се оствари, смета архитектот Мирослав Грчев. Професорот на Архитектонскиот факултет вели дека такво решение не може да се спроведе ниту преку правниот поредок, „каде што бесправните градби уживаат поголема правна заштита од легалните“.Грчев вели дека со два закони целиот правен и уставен поредок во републиката во полза на бес„правните градби, кои добија највисок државен и општонароден приоритет“.

Тој вели дека проблемот со нелегалното градење е многу покомплексен отколку што на јавноста и се чини, и може да се реши само со повеќе законски изменувања на повеќе закони, реорганизација на инспекциските служби и уште многу други работи. Но, никој во државата не се препознал себеси како одговорен да почне системски да го проучува проблемот.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.