ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Конкурсот за контролори на летање во М-НАВ откри партиско-роднински влијанија и непотизам-тврди синдикатот

Ќе има ли поништување на огласот со кој 8 од 12 избрани кандидати треба да почнат обука за контролори на летање.

Синдикатот обвинува дека директорите во М-НАВ сакаат да го поништат огласотзошто нивните и децата на функционери од владејачката ДУИ не се меѓу кандидатите кои биле избрани, а М-НАВ вели, тврдењата се неточни.

Нови кандидати се бирале и во 2018 година. Тогаш селекцијата се вршела на ист начин како сега, а претседателот на Синдикатот, Александар Тасевски вели дека се покажало како вистински начин, бидејќи биле селектирани најдобрите.

Овојпат, од 270 кандидати, преку тестирањата и селекцијата од тренинг центарот од Данска биле издвоени 13, кои заминале на лекарски прегледи во соседна Бугарија и како подготвени за обука излегле 12 кандидати. А до директорите пристигнале 12 оставки од заменици директори, началници, инструктори, експерти и раководители, кои ќе се активираат доколку огласот биде поништен. За овие најавени оставки, став не добивме ниту од директорот Фахрудин Хамиди, ниту пак имаше некаква реакција во демантот на М-НАВ.

Тасевски вели, оставките ќе се активираат само ако биде поништен огласот во кој според синдикатот, не се нашле децата на директорите и децата на членовите на ДУИ. Но додека нема избор на кадри, ќе мора да кратат од бараниот сообраќај на авиокомпаниите кои сакаат да ја прелетуваат Македонија или да слетуваат на скопскиот аеродром, бидејќи нема да можат да ги опслужат во толкав број, а поради недостаток на кадар.

Од М-НАВ пак, велат, селекцијата е при крај и никој не го оспорува изборот на кандидати.

– Не се точни тврдењата дека Управниот одбор има дадено изјава дека го оспорува изборот на 8-те кандидати или дека кандидатите не се вистинскиот избор, напротив процесот не е едноставен и се спроведува според акциониот план на М-НАВ. Ве уверуваме дека процесот се одвива нормално, согласно акциониот план и се очекува да биде завршен наскоро во предвидениот рок согласно сите национални и мегународни стандарди за да можеме да го започнеме школувањето на кандидатите. – велат од М-НАВ.

Претходно, порптаролот на владата, Душко Арсовски посочи дека М-НАВ е институција која има сопствени тела за менаџирање, програма за работа, начин на одлучување и буџет. Но, потсетуваат и дека М-НАВ е обврзана да ги следи строгите правила на Евроконтрол и Меѓународниот систем за управување со воздушен сообраќај.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.