ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Колку ќе чини струјата по Нова година? – Бектеши: Нема да има поскапување за граѓаните со просечни примања

Поскапување на електричната енергија нема да има за граѓаните со просечни примања и кои трошат струја до граница на вториот блок, појасни министерот за економија, Крешник Бектеши. Тој рече дека покачувањето на ДДВ за електричната енергија од 1 јануари, нема да влијае на конечната цена на струјата за домаќинствата, меѓутоа рече дека не е во ред некои домаќинства кои трошат колку една цела компанија да плаќаат струја колку што плаќаат граѓаните кои се со просечни примања.

Ниту парното нема да поскапи. Директорот на АД ЕСМ Васко Ковачевски рече дека за делември е обезбеден гас, а за јануари зависно од температурите и потребните количини, ќе се обезбеди и природен гас.

Бектеши рече дека не е во ред да се манипулираат граѓаните со информации дека нема да има струја или парно.

Конечната цена на електричната енергија ќе се знае до крајот на декември, додека конечните пресметки ќе ги објави РКЕ.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.