ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Колапс во јавниот превоз: Приватните автобуси паркирани, возачите на протест

Граѓаните да не ги чекаат приватните автобуси на постројка, од денеска нема да вози ниту еден приватен автобус. Приватните превозници трет ден со ултиматум – или средба со првиот човек на градот или протести и блокади во петок. Со заеднички сили „Слобода превоз“ и „Макекспрес“ го бараат долгот од над милион ипол евра кој ЈСП Скопје им ги должи.

Пред повеќе од месец дена, за првпат од формирањето на ЈСП, започна хаосот во јавниот превоз во Скопје. Вработени во ЈСП излегоа на протест поради неисплатени плати. По нив приватниот превозник „Макекспрес“ поради долг прекина со работа и превоз на граѓаните, а тоа повлече протест на ученици од скопски Сарај кои ги користат линиите 56 и 56а кои имаа проблеми да одат на училиште.

Приватните превозници „Макекспрес“ и „Слобода превоз“ го поврзуваат едниот со другиот дел на градот Скопје со 15 линии на автобуси.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.