Кои се правата на патниците во случај на откажување или доцнење на лет?
Во случај на доцнење, откажување или одбиено влегување во авион, патниците имаат право на еден или два вида компензација, во зависност од околностите.
Некогаш имаат само право на враќање на парите, а друг пат можат да наплатат и отштета.
Ако летот е откажан поради временски услови, безбедност на аеродромот или други причини кои се надвор од контрола на авиокомпанијата, патниците имаат право на рефундирање или замена на лет. што важи и доколку компанијата го откаже летот повеќе од две недели пред патувањето.
Доколку авиокомпанијата го откаже летот на помалку од две недели пред патувањето, а од причини на кои тоа може да влијае, на патниците имаат право, покрај парите за билетот, да им се исплати и надомест на штета.Кои суми се предвидени за компензација?
Во случај на одбиено качување против волјата на патникот, откажување на летот или доцнење на летот, авиопревозникот е должен да им ја надомести штетата на патниците и да им пружи помош.Патниците имаат право на надомест во износ од:
1) 250 евра за сите летови со должина од 1.500 километри или помалку;
2) 400 евра за сите летови во рамките на ЕУ, подолги од 1.500 километри и за сите други летови во должина од 1.500 до 3.500 километри;
3) 600 евра за сите летови кои не спаѓаат во точките 1) и 2)
Доколку летовите доцнат повеќе од два часа, патниците имаат право на оброк, пијалоци и сместување во хотел.Доколку летот е долг до 1.500 километри и доцни повеќе од два часа, авиокомпанијата е должна на патниците да им обезбеди оброци и освежување, согласно Правилникот за правата на патниците.
Обврзан е да им достави и два телефонски повици или СМС и мејл пораки. Во случај на доцнење од најмалку еден ден, авиокомпанијата е должна на патниците да им обезбеди хотелско сместување и превоз од аеродромот до местото на сместување.
Како патниците можат да ги остварат своите права?
Првиот чекор е да поднесете жалба до авиокомпанијата.
Се препорачува во жалбата да се наведе како биле информирани за проблемот и во која временска рамка, што точно им било кажано на аеродромот или што им кажале претставниците на авиокомпанијата, дали и како отпатувале до крајната дестинација.