ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Кои компании ќе добијат помош за плати?

Владата во петтиот пакет мерки планира 30 милиони евра да потроши за поддршка на компаниите за исплата на плати за месеците февруари и март со која ќе бидат опфатени 60.000 работници.  Висината на помошта зависи од тоа колку се намалени приходите на компаниите и од тоа дали е непроменет бројот на вработени. Изготвен е и предлог законот за кој треба да се изјаснат пратениците. На предложеното законско решение први реагираа сметководителите. Тие бараат јануари 2021 година да не влегува во споредбениот период од три месеци  поврзани со условот –  остварени приходи на компаниите.

Според предвиденото, компанијата за да може да ја користи помошта треба да има намалени приходи од најмалку 30 отсто во месеците ноември, декември 2020 година и јануари 2021 година во однос на месечниот просек на вкупните приходи од редовното работење остварени во периодот ноември, декември 2019 година и јануари 2020 година.

Помошта е скалеста односно за намален приход од 30 до 40 проценти, државата дава до 14.500 денари. За намален приход од 40 до 50 проценти износ на финансиска поддршка до 15.955 денари, за намален приход од 50 до 60 отсто, поддршката е 17.410 денари. Ако приходот е намален од 60до 70 отсто износот на финансиска поддршка е до 18.865 денари, а за намален приход од 70 до 80 проценти се одобрува помош до 20.320 денари, додека за намален приход од над 80 отсто износот на финансиска поддршка е до 21.776 денари.

Компаниите, исто така, ќе треба да го задржат истиот број на вработени и по завршување на месецот во кој ја користреле помошта и тоа за скалестиот процент во зависоност од вкупниот број вработени.
Еден од условите за добивање на помошта е компанијата да не го намалила бројот на вработени во месецот за кој се бара финансиската поддршка.

Услов за добивање на помошта за плати е и компанијата да не исплатува дивиденда на сопствениците, како и да нема извршено исплата по основ на награда за деловна успешност или друг вид на годишна награда на вработените и органите на управување,.

Компаниите кои исплатуваат високи плати не можат да аплицираат за овој вид на помош од државата.

„Работодавачот-барател на финансиска поддршка кој на повеќе од 10 отсто од вкупниот број вработени им исплатува поединечна нето плата повисока од 120.000 денари за месецот за кој се бара финансиска поддршка не ги исполнува условите за помош“, стои во предложениот закон.

Право на помош нема ниту работникот кој за месец октомври, ноември и декември 2020 година и јануари 2021 година, остварил нето плата повисока од 39.900 денари за секој месец одделно.

Дополнително и компаниите кои остварувале добивка три години пред почетокот на кризата не може да добјат помош за исплата на плати, освен оние со повеќе од 2.000 вработени.

„Финансиска поддршка за исплата на плати не може да користи работодавач кој во годишната сметка и финансиските извештаи за 2017, 2018 и 2019 година има кумулативно акумулирани добивки поголеми од 600.000.000 денари. По исклучок, работодавачот кој има повеќе од 2.000 вработени лица во месецот за кој користи финансиска подршка а во годишната сметка и финансиските извештаи за 2017, 2018 и 2019 година има кумулативно акумулирани добивки поголеми од 600.000.000 денари, може да користи финансиска поддршка за исплата плата согласно овој закон.

Помошта не ги опфаќа и компаниите кои зеле помош, а не им исплатиле плати на вработените.

На предложеното законско решение први реагираа сметководителите. Тие бараат јануари 2021 година да не биде месец за споредба на остварените приходи на компаниите.

-Конкретно, во мерка за финансиска поддршка за исплата на плати за вработените, како основа за пресметка се земаат месеците ноември и декември 2020 година и јануари 2021 година, кои се споредуваат со ноември и декември 2019 година и јануари 2020 година. Тоа значи дека за да може да ја спроведеме оваа мерка во практика, целокупната документација заклучно со 31.01.2021 година треба да биде предадена од деловните субјекти и да биде обработена, сметководствено евидентирана, анализирана и споредена со пропишаниот период. Останува нејасно зошто за споредба се зема и јануари 2021 година, во услови кога поради пандемијата имаме сериозни потешкотии квалитетно и навремено да ги обработиме дури и податоците за 2020 година – изјави вчера Драган Митковски, претседател на Комората на сметководители.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.