ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Ковачев со обвинувања, МНР тврди нема да дозволи да се ризикува процесот на уставни измени

Европратеникот Андреј Ковачев конечно лично се огласи после забраната да влезе во Македонија на 6 Мај, заедно со 4 други лица. Ковачев вели дека чекорот со „црните листи“ е огромна грешка во Северна Македонија и било огромно разочарување кога дознал дека гласината за списоци е реална и затоа Скопје должи јасни објаснувања зошто го направиле тоа.

Ковачев сега бара извинување од македонските гранични власти бидејќи не добил објаснување зошто е вратен. После неколку дена молк за случајот се огласи и македонското МНР, од каде велат дека Ковачев не бил проблем, туку оние кои патувале со него.

– Би сакале да нагласиме дека во оваа група со која патувал и европратеникот Андреј Ковачев, имало лица за кои во Министерството за внатрешни работи има сознанија дека претставуваат ризик по јавниот мир и безбедност. Европратеникот Ковачев не е меѓу нив, но надлежните служби донеле таква одлука поради групата со која патувал. Секој европратеник кој го почитува достоинството на државата и нејзините граѓани е добредојден во Северна Македонија. – велат од МНР.

И македонското МВР даде слично објаснување дента кога беше вратен Ковачев, кога порача дека и во иднина нема да дозволи влез на личности кои ги навредуваат и омаловажуваат граѓаните и државата.

Инаку враќањето на Ковачев предизвика остар одговор од страна на дел од европретениците како што е лидерот на Европските народни партии во Манфред Вебер, но и од еврокомесарот за проширување на унијата Оливер Вархеи кои порачаа дека враќањето на европретеник е неприфатливо.

Андреј Ковачев инаку токму од позиција на европратеник во минатото има кажано дека македонскиот јазик потекнува од бугарскиот, дека Македонците се Бугари и дека природната територија на Бугарија се протега од Охрид до Црно Море.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.