ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Ковачевски: Тешките одлуки се за подобра иднина – според Пендаровски има држави кои не мислат добро на регионот

Местото на Западен Балкан е во Европската унија, порача премиерот Ковачевски пред почетокот на дијалогот Белград – Приштина во Охрид каде имаше средби со српскиот претседател Александар Вучиќ и премиерот на Косово Албин Курти.

Тој ги повика на конструктивност и им порача дека само со дијалог ќе се решат отворените прашања. Сега е вистинскиот момент да се забрза евроинтегративниот процес кој е важен за сите земји од Западниот Балкан рече Ковачевски.

„Ние сме политичари кои носат тешко но државнички одлуки. Никому не му е лесно во вакви ситуации, бидејќи дијалогот значи и отстапки, но знаеме дека тие тешки одлуки се за подобра иднина на сегашните и идните генерации. Сигурен сум дека времето ќе покаже дека сме земја која секогаш била на вистинската страна на историјата. Мојата визија е да го видам Западен Балкан развиен, модерен, интегриран во Европската унија. Тоа е наш приоритет за тоа работиме и кон тоа се стремиме“, вели Димитар Ковачевски.За претседателот Пендаровски позитивната вест од разговорите Вучиќ – Курти ќе биде во интерес на целиот регион. Вели дека со тоа ќе се стабилизира Западен Балкан, особено поради фактот што има земји кои се уште работат на тоа да го дестабилизираат.

„Неспорно е дека има држави кои не ни мислат добро и на нас како Македонија и на регионот. Меѓутоа тоа нема сега никаква врска со овие преговори“, порача Стево Пендаровски.

Пендаровски имаше средба и со заменик помошникот државен секретар на САД Габриел Ескобар на која меѓу другото шефот на македонската држава го информирал за одвивањето на скрининг процесот и следните чекори кои треба да бидат за евроинтегративниот процес.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.