Ковачевски со СДСМ ја стартуваше кампањата, вели дека на изборите ќе стави печат на голема победа
Убеден сум дека за 20 дена од денеска заедно ќе ставиме печат на голема победа и успех за европска Македонија. СДСМ и Коалицијата за европска иднина ќе добијат голема поддршка од граѓаните и ќе ја формираме новата Влада која најдоцна до 2030 година ќе ја однесе државата во ЕУ, но и ќе ја донесе Европа тука во Македонија, порача денеска претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски и носител на Изборната едница 1 на настанот „Нема откажување од иднинатата“, со кој што СДСМ ја стартуваше кампањата за парламентарните избори. Поддршка преку видео-обраќање упати Олаф Шолц.Ковачевски ги претстави резултатите од работењето во досегашниот мандат и ги изнесе плановите за економијата, поддршка на граѓаните, компаниите, за борба со корупцијата….Најави, како што рече, конечна, решителна и поефикасна борба против криминалот и корупцијата.
„Нема веќе да има предмети по фиоки и конечно ќе го спроведеме ветингот на судиите и јавните обвинители, кому тоа му се допаѓало или не. Ќе се апочне прво од кандидатите за пратеници во Првата изборна единица, ќе се продлжи со политичарите и ќе се пресели кај судиите, обвинителите и кај сите оние кои во изминатите 32 години ‘згрнаа’ богатство“, рече Ковачевски.