ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Ковачевски: Односите со Србија се на највисоко ниво

Меѓу Србија и Македонија постои силна политичка волја за натамошно зајакнување на соработката. Потпишани се три нови меморандуми за зајакнување на соработката меѓу двете земјиОдносите меѓу Северна Македонија и Србија се најдобри во модерната историја. Меѓу нас нема отворени прашања, ниту еден нерешен проблем, само соработка и политичка волја за негување и продлабочување на добрососедските односи меѓу двете земји на политички е економски план. Ова е пораката од денешната посета на македонската владина делегација, предводена од премиерот Димитар Ковачевски, на Република Србија.

Ковачевски, кој беше пречекан во Белград со највисоки државни и воени почести, имаше средба со српскиот претседател Александар Вучиќ, учествуваше на заеднички пленарен состанок на делегациите на двете земји и одржа заедничка прес-конференција со премиерката на Република Србија, Ана Брнабиќ.

Зајакнување на соработката

Српскиот претседател Вучиќ по средбата со Ковачевски порача дека меѓу Србија и Северна Македонија постои силна политичка волја за натамошно зајакнување на соработката и предлози за конкретни чекори на полето на трговијата, туризмот, културата и спортот.

Премиерот Ковачевски истакна дека „Нема повеќе отворени прашања меѓу Србија и Северна Македонија – партнерството меѓу двете земји е пример за регионот“.

Двете земји потпишаа три меморандуми кои се очекува да дадат дополнителен поттик за зајакнување на соработката. Вучиќ вели дека Србија е решена да промовира позитивна агенда ориентирана кон иднината во односите во регионот, што може да се види преку нејзината активна улога во иницијативата Отворен Балкан. Со Ковачевски разговарал за соработката во рамките на таа иницијатива и дополнителните придобивки за граѓаните на Србија, Северна Македонија и Албанија.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.