ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Ковачевски на вториот состанок на Северноатлантскиот совет: Забрзана евро-атлантска интеграција ќе придонесе за стабилен и безбеден регион

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, денеска во Вилнус, на вториот ден од Самитот на НАТО учествува на втората сесија на Северноатлантскиот совет, што се одржуваат на ниво на шефови на држави и Влади и земјите партнери на НАТО. Во владината делегација што ја предводи премиерот Ковачевски се министерката за одбрана, Славјанка Петровска и министерот за надворешни работи, Бујар Османи.

На првата сесија земаа учество 31 земја членки на НАТО, како и партнерите од Индо-Пацификот, Јапонија, Австралија, Република Кореја и Нов Зеланд, како и претседателката на Европската комисија, Урсула Фон дер Лејен и претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел.Во фокусот на агендата на втората сесија од Самитот е зајакнувањето на партнерствата и пошироката геополитичка и безбедносна глобална слика.

Безбедносните состојби на Евро-Атлантикот и Индо-Пацификот се блиску поврзани и важни за НАТО. Со нашите партнери од Индо–пацифичкиот регион, Австралија, Нов Зеланд, Јужна Кореја и Јапонија ќе ги споделиме најважните аспекти на заедничкото делување во однос на обезбедувањето мирот во светот во овој нов геополитички момент.На состанокот ќе присуствуваат и претседателката на Европската комисија и претседателот на Европскиот совет на којшто исто претставниците, претседателите и премиерите на земјите од Западен Балкан ќе го реафирмираат и ставот за важноста на европските и евро–атлантските интеграции за мирот, безбедноста, стабилноста и просперитетот на овој многу важен регион и за НАТО, меѓутоа и за ЕУ.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon

Повеќе

Британската и македонската Влада денеска во Лондон го потпишаа договорот за соработка. На договорот се потпишаа британскиот министер за извоз Гарет Томас и вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски, свеченото потпишување се одржа во историската зграда на Стариот Адмиралитет во Лондон. Со потпишувањето на овој документ, на Македонија ѝ се ставаат на располагање 5 милијарди фунти (6 милијарди евра) за финансирање на капитални проекти во повеќе стратешки сектори. „Стратешкото партнерство со Обединетото Кралство, го гледаме како нешто што ќе ја доведе Македонија до едно ново ниво. Денес потпишуваме Договор Влада со Влада за развојни-инфраструктурни проекти во клучни сектори, како што се: транспорт, образование, животна средина, информатичка технологија, како и други сектори кои што ќе ги развиваме, тука е здравството, но и образованието и ќе продолжиме да соработуваме во претстојниот период. Навистина сме благодарни што Обединетото Кралство, со својот Инструмент за поддршка на надворешно финансирање, постави рамка од 5 милијарди фунти, што е најголемиот договор што Македонија го потпишала во својата историја во однос на економијата. Навистина сме благодарни за тоа и ова го гледаме како одлична можност за целата држава да се развива. Веќе имаме три проекти кои што се подготвени. Тоа е проектот за брзата железница на Коридорот 10, здравствениот проект за болници и секако проектот за образование, за Медицинскиот факултет, а во претстојниот период ќе бараме нови проекти во секторите за енергетика и животна средина, но и други проекти секако“, изјави Николоски по потпишувањето. Министерот за извоз Томас рече дека ова партнерство „отвора ново поглавје во нашите билатерални односи со Северна Македонија“. „Велика Британија има богато искуство во испораката на висококвалитетна инфраструктура низ целиот свет и среќен сум што го започнувам ова ново партнерство што ќе им помогне на повеќе британски бизниси да извезуваат во Северна Македонија“, рече Томас. Од шесте милијарди евра финансиска рамка со Обединетото Кралство во првиот циклус од пет години ќе се повлечат околу 2,2 милијарди евра, изјави министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска во емисијата „360 степени“. „Две милијарди на пет години се по 400 милиони евра. Толку е годишното зголемување на јавниот долг по однос на овие инвестиции кои, од друга страна, ќе придонесат за раст на економијата. Никаде не пишува дека имаме задолжително повлекување на петте милијарди, а британската Влада гарантира дека Македонија кога ќе ги земе кредитите, ќе ги врати“, рече Димитриеска-Кочоска. Министерката рече дека таа не може да даде повеќе детали за парите, висината на каматата и се останато, се додека не добие готов проект на маса. „Ќе мора да седнеме и со министерот за транспорт да се разговара да каже кои се проектите и потоа ние како Министерство за финансии, покрај што ќе добиеме понуда од банката по процедурите од финансии, ќе си побараме понуда и од други меѓународни институции, затоа што тоа го налага законот. Така што, во овој момент не би можела да зборувам повеќе детали затоа што немам зрел проект пуштен во Финансии, врз основа на кој ќе барам понуда од повеќе банки и ќе излезам да кажам колку е точно каматата би било несериозно. Она што го знам и го имам како информација, се разговара за клинички во Штип, болница во Кичево и онаа брза пруга“, рече министерката Димитриеска-Кочоска.

Можеби сте пропуштиле

Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.