Ковачевски за наводите оти Пејчиновиќ бил Бугарин: Тоа што некој сака да провоцира е негов проблем – ние точно знаеме која е нашата историја
„Тоа што некој сака да провоцира тоа е негов проблем. Ние точно знаеме што е нашата историја. Ние точно знаеме што е нашата култура. Ние точно знаеме што е нашиот македонски јазик, сега веќе признат во целата Европска Унија“, рече премиерот коментирајќи ги наводите на одредени бугарски историчари, според кои, македонскиот преродбеник Кирил Пејчиновиќ бил Бугарин
Тоа што некој сака да провоцира тоа е негов проблем. Ние точно знаеме што е нашата историја, порача премиерот Димитар Ковачевски коментирајќи ги изјавите на одредени бугарски историчари, според кои, македонскиот преродбеник Кирил Пејчиновиќ бил Бугарин додавајќи дека историчарите треба да се занимаваат со историја, а политичарите со политика.
По повод канонизацијата на Кирил Пејчиновиќ во Лешочкиот манастир од страна на МПЦ-ОА, претходно проф. д-р Пламен Павлов од Историскиот факултет на Универзитетот во Велико Трново „Св. Свети Кирил и Методиј“, рече дека Пејчиновиќ бил бугарски преродбеник.
„Тоа што некој сака да провоцира тоа е негов проблем. Ние точно знаеме што е нашата историја. Ние точно знаеме што е нашата култура. Ние точно знаеме што е нашиот македонски јазик сега веќе признат во целата Европска Унија. Во тоа наскоро ќе се уверат сите граѓани кога ќе го потпишеме договорот Фронтекс со ЕУ и со македонски идентитет веќе преговараме со ЕУ“,
нагласи Ковачевски.
Премиерот додаде дека присуствувал на богослужбата по повод канонизацијата на Кирил Пејчиновиќ која ја опишува како чин со кој го негуваме македонското духовно и културно наследство.
Ковачевски уште еднаш повтори дека комуникацијата меѓу Северна Македонија и Бугарија се одвива на официјално ниво помеѓу претставници на институциите, односно луѓе од политиката, но посочи дека секогаш постојат и други интереси и личности кои сакаат да ги нарушат односите помеѓу двете држави.
„Обично со свои изјави предизвикуваат негативни чувства, предизвикуваат нешто што јас го нарекувам провокација“,
посочи премиерот.