ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Коалицијата „Алијанса/Алтернатива“ ја напушти седницата за пратенички прашања – протестираат зашто Села не е меѓу првите што ќе прашува

Пратениците од Алијанса на Албанците и Алтернатива ја напуштија собраниската сала, незадоволни од распоредот на пратениците кои денеска им поставуваат прашања на владините претставници.

Тие реагираа што лидерот на Алијанса на Албанците, Зијадин Села, е ставен како петти на списокот и го обвинија претседателот на Собранието дека ја блокира албанската опозиција. Најавија дека доколку во иднина некој од албанската опозиција не е меѓу првите на списокот нема да дозволат да се одржи ваква седница.

Поради нивното незадоволство, денешната седница, иако најавена за 11 часот, започна дури во 13 часот, откако беше дадена едночасовна пауза по нивните закани дека ќе ја блокираат говорницата.

Претседателот на парламентот Талат Џафери образложи дека во листата со пратеници што му била доставена во предвидениот рок од страна на координаторот на коалицијата „Алијанса/Алтернатива“ не бил ставен претседателот на Алијанса на Албанците, Зијадин Села, туку таа листа ја добил подоцна.

„Ако до крај бев доследен со Деловникот, ова писмо требаше да ви го вратам, но тоа не го сторив, затоа што станува збор за претседател на партија, иако на претходната листа Села не беше пријавен“,

истакна Џафери по што даде пауза од еден час и продолжението го закажа за 15 часот.

Претпладнениот дел од денешната собраниска седница посветена на пратенички прашања помина во процедурални забелешки и изјаснување на пратениците дали се задоволни од писмените одговори на министрите.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.