ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Кинескиот претседател Џинпинг ја почна тридневната посета на Москва

Кинескиот претседател Ksи Џинпинг пристигна во русија, негова прва посета на странска земја откако по трет пат беше избран за претседател на Кина, но и прва посета на Русија од почетокот на конфликт во февруари минатата година.

Кси и Путин денеска ќе имаат имаат неформална средба, а за утре најавен е официјален состанок на кој се очеккува да се разговара и за војната во Украина, откако пред десетина дена, пекинг го претстави својот план за решавање на конфликтот.

– Преку соработката на кина и русија, светот ќе има дополнителна сила која води кон мултиполарност и поголема демократија во меѓународните односи. Глобалната стратешка рамнотежа и безбедноста дополнително ќе бидат осигурани. – изјави Кин Ганг министер за надворешни работи на Кина.

Дел од аналитичарите сметаат и дека средбата меѓу првите луѓе на Кина и Русија преставува и порака до САД дека работите во светот се менуваат.

„Тие ќе сакаат да го потврдат своето стратешко партнерство и да покажат дека обидите на сад да ја растурат соработката и да ја направат премногу скапа за Кина, нема да успее. Сакаат да му покажат на светот дека тие можат да играат конструктива улога.“ – изјави аналитичарот Џосеф Торогиан.

Во меѓувреме, откако меѓународниот кривичен суд побара апсење на владимир Путин, еврокомесарот на надворешна политика и безбедност, Жосеп борел порача дека рускиот претседател, треба да биде уапсен ако стапне во некоја од државите одлуките на Меѓународниот суд во Хаг.

„Знам дека руските власти ја отфрлаат одлуката на Меѓународниот кривичен суд велејќи дека Русија не е потписник на овој договор. Но,ајде да ги погледнеме практичните последици од таа одлука. Доколку претседателот Путин отпатува во една од повеќе од 130 земји кои го потпишаа овој меѓународен договор, тој веднаш треба да биде уапсен.“ – рече Борел.

А како одговор на барањата на судот во Хаг, Русија отвори кривична постапка против обвинителите и судиите на Хашкиот трибунал..Според комитетот, постапките на обвинителите од меѓународниотр кривичен суд, покажуваат знаци на кривично дело според рускиот закон.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.