„Катимерини“: Преспанскиот договор оспорен во предизборието

Грција со внимание ја следи изборната дебата во Македонија.Грчкиот весник „Катимерини“ објави текст под наслов: „Договорот од Преспа оспорен во предизборната дебата во С. Македонија“, во кој се пренесуваат пораките на лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски и на првиот човек на СДСМ, Димитар Ковачевски, изнесени во телевизиска дебата на Канал 5, која што што се одржа во средата, пред стартот на изборната кампања за претседателските и парламентарните избори во земјата.
„Водачот на главната опозициска партија во Македонија изјави дека доколку биде избран за премиер земјата ќе ја нарекува единствено како ‘Македонија‘, без оглед на договорот од Преспа од 2018 година со кој се реши спорот со Грција за името на земјата“, е првиот пасус во текстот, -пишува „Катимерини“ и додаваат дека Ковачевски на дебатата изразил загриженост за одбивањето на Мицкоски да го користи уставното име на земјата, нешто што би можело да предизвика проблеми со Преспанскиот договор.
Еве што двајцата лидери кажаа околу Преспанскиот договор за време на нивното прво јавно соочување.
„За мене Македонија е и ќе биде Македонија. Тука нема дилеми. Моите предци ќе бидат горди на мене, на тоа што го правам за својот народ и за својата држава. Тука нема осцилации. Не ги менувам ставовите” – Христијан Мицкоски – Претседател на ВМРО-ДПМНЕ.
„Кога немате став, вие не можете да го менувате. Тоа е неговата предност. Кога имате став, тогаш носите одлуки. Преспанскиот договор е резултат на работа 30 години, за тоа време ние имавме посредник адвокат од САД. Договорот не го постигна Метју Нимиц. Договорот го постигнаа двајца лидери кои постигнаа договор и си пружија рака и ги решија односите меѓу двете држави. Тоа е лидерство. — Димитар Ковачевски – Претседател на СДСМ .
Преспанскиот договор стапи на сила пред 5 години. Македонија во меѓувреме ги исполни обврските од тн. Технички период за негово спроведување, но Грција се уште не ги спроведува трите меморандуми за соработка, за што тамошната власт беше укорена и од опозициската Сириза и потписникот на Договорот Коѕиас.