Каталонската независност и македонското членство во НАТО
Шпанскиот технички премиер Педро Санчез со тесно мнозинство на денешното гласање ја доби подршката за новата влада. По првиот несупешен обид во саботата, чиј резултат беше 166 за наспроти 165 против, на Санчез му беше потребно просто мнозинство за второто гласање, па така денеска резултатот беше идентичен, 167 наспроти 165.
Последната земја која треба да го ратификува протоколот за членство на Македонија во НАТО, изоде трнлив пат при формирањето на новата влада. Додека на Илинденска во Скопје со нетрпение се очекува резултатот од денешното гласање, Барселона тивко ликува. Социјалистите на Санчез во коалиција со Подемос се обидуваат по секоја цена да избегнат одржување четврти предвремени избори во изминативе 4 години во Шпанија, од кои два само минатата, беа приморани да седнат на маса со Каталонските сепаратисти. За да ја добие подршката од Каталонците Санчез се согласи да започне разговори за иднината на Каталонија откако ќе стапи на премиерската функција.
Објавувам дека ќе направиме група за билатерален дијалог меѓу владата на Шпанија и владата на Каталонија. Ќе ја направиме и ќе дебатираме во рамки на уставот и ќе ставиме крај на овој ужасен конфликт,
порача Санчез по првата седница.
Нивната подршка беше маскирана под превезот на воздржаност, па така 13-те пратеници од Републиканската левица на Каталонија и петте од Баскиската Билду, повторно гласаа воздржано со што, според шпанскиот устав, кој предвидува само просто мнозинство на второто гласање, беше постигната потребната подршка за новата влада.