Кампања за попис на Бошњаците – „Битно е да бидеш Бошњак“

Невладини органицазии, пратеници од бошњачката партија во Косово заедно со пратеници од собранието на Северна Македонија ги повикаа граѓаните да се попишат. Меѓу другото зборуваа за важноста на пописот и придобивките кои ги носи пописот на етничките заедници.
„Во српска општина на последниот попис немаше излезност, го бојкотираа пописот. И бошњаците кои живеат тука не се попишаа. И за нас бошњаците беше тешко да констатираме колку бошњаци има. Во овој момент сметам дека пописот е важен“, рече Дуда Баље, пратеничка во Собранието на Косово.
„Сите они кои повикуваат на јавен или прикриен бојкот нека ја превземат одговорноста и нека застанат на вистинската страна повикувајќи граѓаните да се вклучат во овој процес“, изјави Зеќир Рамчиловиќ, пратеник во Собранието на С.Македонија.
„Пописот е важен затоа што бошњачката заедница едвај чека да дојдат резултатите врз кои утре ќе градиме политики сведени на долг рок од образование, култура, инфраструктура, употреба на јазик, симболи“, изјави Џалал Хоџиќ, заменик директор на АОПЗ.