Калајџиев: СЈО не може да работи без Јанева- мора да ја сподели истата судбина
Обвинителството и должи одговори на јавноста во кое својство специјалната јавна обвинителка Катица Јанева е опфатена во случајот “Рекет”
Имајќи го во предвид тоа дека и нејзиниот мобилен телефон беше одземен и предаден на вештачење, вели за Канал 5 универзитетскиот професор по кривично право Гордан Калајџиев. Но, според него досега познатите податоци доволно упатуваат на тоа дека Јанева е вмешана во случајот, а колку и како треба да покаже истрагата.
“ Очигледно е тоа дека таа на некој начин е инволвирана во случајот да речам првообвинета, бидејќи уште немаме формална постапка, ама немаме ни демант од СЈО. Имавме една несреќна пресконференција каде што нејзиниот тим се огради од нејзе, тоа е еден сериозен проблем сам по себе. Во крајна линија тимот е нејзин и тимот не би можел ниту правно, ниту политички да се претопи во некој друг тим без неа. Тимот е нејзин и таа стои позади тимот и тие ја делат нејзината судбина. Вели универзитетскиот професор Гордан Калајџиев.
По оставката на Јанева, беше објавен и нов предлог закон за Јавното обвинителство, кој повторно ги отвори дилемите што ќе се случува со веќе отворените предмети и истраги на СЈО. За Калајџиев не се спрони предметите кои се отворени до 30ти јуни 2017, а за останатите постапки по рокот од 18 месеци треба да одлучуваат судовите.
“ Сега самиот закон зборува за тоа дека постапките сега ќе продолжат со ова обвинителство. По мене тоа подразбира дека легално поведените постапки кои немаат пречки ќе си продолжат. Тие што имаат пречки според постојната законска регулатива водејќи сметка за ЗКП, како водечки, не гледам дека би продолжиле по сила на овој закон, значи фразеологијата се дека постапките кои се водат не се споменуваат експлицитно истрагите и тоа е подобро решение по мене нивната судбина со ваквото решение кое е правно поиздржано би зависело од судовите.” вели универзитетскиот професор Гордан Калајџиев.
Калајџиев вели дека во моментов работата на СЈО е закочена, а најбрзото решение на овој проблем е да се усвои оставката на Јанева и веднаш пред истекот на рокот во септември да се определи нејзина замена.