ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

И за Захариева видеото на Џамбаски е непристојно

Министерството за надворешни работи на Бугарија на свој начин ја оправда протестната нота на Македонија околу скандалозното видео на европратеникот од партијата ВМРО, Ангел Џамбаски, во кое тој тврди дека целата македонска држава е бугарска. „МНР на Бугарија и самото смета дека предизбоното видео на Џамбаски е неумесно. Пораките изразени на видеото не го изразуваат официјалниот став на бугарската влада. Бугарија нема територијални претензии кон другите земји и тоа е многу пати изјавувано“, се вели во официјалното соопштение на министерството.

Но во ова соопштение Софија му посветува малку повеќе внимание на извештајот на институтот ИФИМЕС од Љубљана и забележува на Скопје зошто молчело „три дена да се огради од клеветничките публикации на словенечката невладина организација Меѓународен институт за блискоисточни и балкански студии“.

„Владата во Скопје не само што не ги осуди предметните публикации, туку го нарече институтот ‘реномиран’, кој лажно нападна две земји-членки на ЕУ: Бугарија и Германија“, се вели во соопштението и уште се тврди дека имало „целосен информативен мрак“ во македонските медиуми за бугарскиот демарш околу ИФИМЕС, што е целосно неточно. Тоа, според Софија, „сведочи до кој степен властите во оваа земја-кандидатза Европската унија го толерираат плурализмот и правото на слободно изразување на мислење“.

Please follow and like us:
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.