И во Албанија влез само за вакциницирани или со ПЦР, Србија тргната од листата безбедни земји

Сите кои сакаат да влезат во Албанија ќе мора да ги почитуваат новите рестриктивни мерки. На секој граничен премин мора да се исполнува еден од следниве три услови: серификат за вакцинација, постар од две недели, негативен ПЦР тест не постар од 72 часа, брз антиген тест од 48 часа или потврда за прележан Ковид, валиден до шест месеци по заздравувањето.
Исклучок од новите ограничувања се само децата до шестгодишна возраст. Албанските државјани кои се враќаат дома мора да се изолираат 10 дена и да направат тестирање на крајот од периодот на изолација.
Во Албанија полицскиот час кој е воведен од 1 септември трае од 23 до 6 часот. Во меѓувреме не стивнува епидемиолошката состојба во земјата, каде во просек дневно има по над 900 новозаразени. Министерството за здравство веќе воведе задолжителната вакцинација за лекарите, наставниците и студентите, а сега на списокот ги додаде и вработените во администрацијата, полицијата, вработените во аптеките и лабораториите. Тие треба да се имунизираат до крајот на овој месец.
ТРИ ДЕНА ОТКАКО РОМАНИЈА ЈА ТРГНА СРБИЈА ОД ЗЕЛЕНАТА ЛИСТА БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ, СЕГА ТОА ГО СТОРИ И ГЕРМАНИЈА. ГРАЃАНИТЕ НА СРБИЈА, ЗЕМЈА КАДЕ ДОМИНАТНА Е КИНЕСКАТА ВАКЦИНА, А ПОТОА И РУСКАТА, НА ГЕРМАНСКА ТЕРИТОРИЈА СЕГА МОЖЕ ДА СЕ ВЛЕЗАТ САМО СО ПРИМЕНИ ВАКЦИНИ ОД ЕВРОПСКИТЕ ПРОИЗВОДИТЕЛИ, КАКО ШТО СЕ ФАЈЗЕР, АСТРА ЗЕНЕКА, МОДЕРНА ИЛИ ЏОНСОН И ЏОНСОН И ТОА ПОСЛЕ ПОМИНАТИ 14 ДЕНА ОД ВТОРАТА ДОЗА.
Германската мабасада во Скопје уште на 22 август објави дека Северна Македонија е класифицирана како област со висок ризик, со препорака дека пред можниот влез во други земји-членки на ЕУ, во Исланд, Лихтенштајн, Норвешка, или Швајцарија, граѓаните да се информираат за важечките ограничувања.