Истрагата за Меѓународен сојуз завршена, заменичката на Боки 13 била во заблуда
Боки 13 ја довел во заблуда, не знаела дека се прават измами во проектите на Меѓународниот сојуз во кои според обвинителството оштетени се двајцата бизнисмени Силјан Мицевски од Пелистер и Ардија Амзоски во Дрим Билдинг. Вака неговата заменичката Јасна Мандиќ се бранела пред обвинителката Вилма Русковска, открива нејзиниот адвокат.
Неспорно е дека е донесена во заблуда. Правнички речено, во стварна заблуда. Не само таа, туку и други биле донесени во заблуда. Кога не знаете дека некој позади вас има друг план и крои нешто друго, односно еве да речеме измама во овој предмет, тоа е стварна заблуда, рече адвокатот Душко Јанковиќ.
Мандиќ денека прва даваше исказ во истрагата за перење пари и измами и примила решение дека истрагата е завршена.
Паралелно во друга канцеларија во обвинителството за организиран криминал пратеничката Фросина Ременски втор ден ги прегледуваше доказите во пресрет на утрешниот распит. Не сакаше да коментира дали може и нејзиното име да се најде во обвинението кое Русковска го најави за почетокот на јануари. Видела се само не докази. Дали се сретнала со оштетените бизнисмени, дали ја познава пензионерката на чија сметка легнале над 700.000 евра, одговорите на овие новинарски прашања ги чува за обвинителството.
Распитите на осомничените завршуваат во петок за кога се поканети останатите торјца осомничени, Боки 13, неговиот татко Миле Јовановски и неговата асистентка Христина Блажевска.