Иран тврди дека ги хакирал и контролирал американските дронови, доказ снимка од мисии (ВИДЕО)
„Седум до осум дронови со постојани летови над Сирија и Ирак беа под наша контрола и нивните информации ги надгледувавме ние, и можевме од прва рака да ги добиеме информациите“, иранската новинска агенција ФАРС го цитираше бригадниот генерал Амир Али Хаџизаде.
Генералот ги предводи воздухопловните сили на Исламската револуционерна гарда, моќната квази-воена сила на Иран.
Агенцијата објави видео за кое рече дека е „еден од многуте докази кои ги поддржуваат тврдењата на генералот Хаџизаде“.
На три минутното видео се гледаат снимки очигледно снимени во неколку различни прилики со леталото, со претпоставка американски дронови. На дел се гледа една епизода, каде вооружен ЕмКју-9 Рипер се урива, откако операторот очигледно изгубил контрола. Потоа се прикажува како дронот е уништен на земја со воздушен напад.
Иран е познат по своето мешање во американските мисии со дронови во текот на изминатите години, најпознато е дека леталото за разузнавање АрКју-170 во 2011 година го принудиле да слета, речиси недопрен.
Делот каде што се гледа уништувањето на ЕмКју-9 Рипер може но не мора да значи дека се случил во Сирија во 2016 година. Воздухопловните сили на САД објавија дека уништиле еден од нивните дронови за напад откако се урнал поради неразјаснета причина, а што не било непријателски оган.
Запрашани за тврдењата на Иран од страна на Раша тудеј, портпаролката на Пентагон Ребека Ребарих рече: „Свесни сме за извештајот и немаме ништо друго да додадеме“