ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Иранскиот верски водач: Стоп за извозот на нафта и храна во Израел

Муслиманските земји мора веднаш да престанат со сите форми на трговска и економска соработка со Израел, изјави иранскиот верски лидер, ајатолахот Али Хамнеи, за време на говорот пред студентите.„Безусловниот консензус на муслиманските земји мора да биде – да се запрат сите злосторства во Палестина извршени од Израел. Треба да се прекине извозот на нафта и храна. Муслиманските земји мора да ги прекинат сите форми на трговска и економска соработка со Израел“, рече тој, пренесе агенцијата „Тасним“.

Минатата недела претседателот на Исламската Република, Ибрахим Раиси, го обвини Израел за „преминување на црвените линии“.

Претходно, политичарот истакна дека Техеран нема да ги следи предупредувањата на САД за немешање во ситуацијата околу Појасот Газа. Сепак, тој ги отфрли обвинувањата дека Иран стои зад нападот на Хамас врз Израел, пренесува „Спутник“.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.