ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Инфлацијата достигна 19.8%, потрошувачката кошничка над 51.000 денари

Животот станува се поскап. Статистика измери инфлација од близу 20% во октомври. ж

Синдикатот пресмета потрошувачка кошница од 43,000 денари или со вклучена инфлација над 51 илјада денари. За една година  поскапело речиси се. Најмногу храната и енергенсите. Лебот и житатата се продаваат по двојно повисока цена.

Над 40%  зголемување е регистрирано и кај млекото, сирењето, јајцата, маслата, мастите, течните горива. Цврстите поскапеле за  38,5, топлинската енергија за  30, гасот и електричната над 20. Црвениот аларм веќе е вклучен. Работниците едвај преживуваат, велат од Синдикатот

На македонскиот  работник од ден на ден инфлацијата му ја нагризува платата и ова значи дека за  20%  ја изгубил куповната моќ. Имајќи в предвид дека не е зголемена минималната плата, излегува дека со минимална и просечна плата  не се преживува. Од  минатата година потрошувачката кошница е зголемена со скоро 17,000 денари, изјави Иван Пешевски, ССМ

Од Синдикатот бараат Владата веднаш да реагира. Да ги прифати нивните предлог антикризни мерки, за да им се помогне на граѓаните. Во спротивно излегуваат на улица

Македонскиот работник е осиромашен.Бараме посериозен однос од Владата, а не како во петокот да вели дека писмено ќе не извести за нашите антикрзини мерки на социо – економскиот совет. Мора да извршиме притисок, ќе мора да излеземе на улица, додава Пешевски

За да се ублажи ценовниот удар на сила е мерката ограничени маржи на основните прехранбени производи.  Но, цените и натаму растат. Затоа експертите препорачаа  – по примерот на соседните земји, владата да ги замрзне цените на производите. На тој начин, според нив, ќе се заузда инфлацијата, а народот  ќе има сила да го истурка месецот.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.