Инфлацијата годинава едноцифрена а економскиот раст стопен – НБРМ со најнови прогнози
Економски раст од 2,1 процент и просечна едноцифрена инфлација која би се движела од 8 до 9 проценти, ова се проекциите на Народната банка за годинава.
Иако економскиот раст се топи и споредбено со октомвриските прогнози бележи пад, сепак гувернерката Бежоска вели е во средината на интервалот од двете сценарија од октомвриската проекција.
На крајот на 2023 та кредитниот раст се очекува да се сведе на 5,7% на годишна основа, но во следниот период се очекува стабилизарање и забрзување на растот и на кредитната активност, при што кредитниот раст за периодот 2024 – 2025 година во просек би изнесувал 6,6%. А како и досега, вели Бежоска ќе биде поддржан од растот на депозитите, којшто би изнесувал 6,9% во 2023 година и просечно 7,7% во периодот од 2024 до 2025 тата.
Што се однесува до најавите за граѓанската обврзница, гувернерката Бежоска не очекува таа да има негативни импликации, бидејќи станувало збор за мал износ на средства од 50 милиони евра што државата планира да ги собере.
На ист став се и од македонската банкарска асоцијација со таа разлика што сметаат дека би било добро каматната стапка да е блиску и да го следи нивото кое го има утврдено пазарот на депозити во моментов.