ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Индија ја крена воената готовност на војската (ВИДЕО)

Индиската војска е крената во состојба на висока борбена готовност, откако во парламентот беше поднесен закон со кој се укинува специјалниот статус на државата Џаму и Кашмир, соопшти индиската новинска агенција Ани.

Властите веќе почнале да префрлаат дополнителен контингент од 8.000 војници во Џаму и Кашмир, а телевизијата НДТВ јавува дека од рано наутро воено-транспортни авиони довезуваат војници на аеродромот на регионалната престолнина Срингар.

Телевизијата наведува дека овие војници ќе го засилат контингентот од 35.000 војници кои се наоѓаат во Џаму и Кашмир.

Ани јавува дека целата војска е крената во состојба на готовност.

Како што пренесуваат агенциите, илјадници аџии индуси, кои тргнале во храмот Амарнат во Кашмир, се враќаат дома, како што владата им препорача минатата недела.

Индиската полиција ноќеска ги уапсила сите влијателни политичари од регионот. Меѓу нив и поранешниот главен министер на Кашмир Мехбуба Муфти, како и лидерот на опозицијата во регионалниот парламент Омар Абдулах.

Индиската влада денес соопшти дека ја укинува уставната автономија на Кашмир, што претставува големо кревање на тензиите во регионот кој е предмет на спор со Пакистан со децении.

Пакистан најави дека ќе ги засили дипломатските напори за да спречи указот за укинување на автономијата на Кашмир да стапи на сила.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.