ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Има ли кој да се бори со дивоградбите?

Ке се стави ли крај на хаосот со дивоградбите ако ингеренциите ги преземе градот Скопје? Според градскиот татко ДА, Шилегов смета дека само ако општината одлучува по бесправно изградените објекти, ќе се спречи дивеењето. Прстот со дивоградбите сите го вперија во инспекциските служби, кои или не излегуваат на терен или замижуваат пред нелагалните објекти. Градот Скопје го одобрува Генералниот Урбанистички план, додека општините деталниот. Општините ги даваат градежните дозволи и тие треба да проверуваат дали има отстапувања или се гради без дозвола. Општинските инпекциски служби одговараат пред Државниот Инспекторат за градежништво, за кој пак е одговорен Инспекцискиот Совет. Сител денеска се обиде да побара одговори од нив, но не беа достапни за коментар. Инаку  токму Инспекторатот минатата година во Извештајот посочува дека има малку вработени, а многу работа. Од вкупно 21 работник, има само 3 градажни инспектори, од кои 2 се  со 62 години и еден 59 кој доаѓа со скратено работно време поради болест. Во ова одделение за 2 до 3 години ќе има само еден вработен инспектор, со кој реално не може да функционира Инспекторатот, се навдува во извештајот.

За да се одземат ингеренциите од општините во градот, треба да се поднесе барање до Влада. Според Владиниот портпарол такво се уште не стигнало, а доколку се поднесе, јавноста ќе биде информирана.

Што покажува статистиката?

Скопје е лидер во изградба на нелегални објекти секоја година. Минатата низ државата вкупно имало 866, од кои за домување биле 160, а деловни 55 објекти. Останатите се настрешници, гаражи, огради, тераси и слично. Од нив, во главниот град, дивогрдаби биле 153, од кои најголем дел во Чаир, Бутел и Ѓорче Петров.

Во Кавадарци имало 85 бесправно изградени објекти, во Куманово 53, Охрид 59, Струга 46, Струмица 73 и Штип 64.

Во споредба со 2018, бројот на дивогрдаби е намален. Тогаш имало 955, од кои 249 се објекти за домување, а 113 деловни. Во Скопје без дозвола се изградиле  266, од кои најголем дел, дури 71, во  Центар во Куманово 78, Липково 68, Штип 70, Охрид 50, Струга 30 и Струмица 56.

Како најризични точки за изградба на дивоградби се единиците на локалната самоуправа во Охрид, Чаир, Центар, Тетово, Бутел, Гостивар и Куманово, наведено е во Извештајот на Државниот Инспекторат.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.