Илјадници македонски државјани се ревакцинираат во Србија, на „Табановце“ се чека по 40 минути
Тридневниот продолжен викенд го искористија граѓаните кои требаше по цели три месеци да ја примаат втората доза на Астра Зенека во Србија.
На граничниот премин Табановце кон Србија, но и за влез во Македонија се чекаше и по 45 минути. Вчера 2.472, а денеска 2.468 граѓани на Македонија до десет часот кога е најголемиот метеж ја напушитиле државата. Врање, Ниш, Белград спортските сали преполни со македонски државјани кои се на втора доза вакцина или вакцина.
Во Македонија се уште матичните доктори не добиле насоки како да ги внесат нивните пациенти дека се вакцинирани во Србија.
Пред точно два месеци српскиот министер за здравство Златибор Лончар потврди дека до 20 април во Србија се вакцинирале 15 илјади македонски државјани. Во претходниот период Србија повторно ги отвори вакциналните пунктови за македоснките државјани кои можеа да бираат и со која вакцина ќе се вакцинираат. Во петокот на 422 дози вакцини против коронавирус им биле дадени на македонски граѓани.
Во овој град до четврток, 17 јуни вкупно се вакцинирани 7.088 граѓани на Македонија.