ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Илјадници демонстрираа во Вашингтон против абортусот

Повеќе илјади противници за правата на абортус се собраа во Вашингтон на годинешниот „Марш за живот“, поткрепени со силна поддршка од претседателот Доналд Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп преку видео порака до учесниците  на маршот упати ветување дека ќе вложи вето на кој било закон со кој Конгресот на САД би ја „ослабел заштитата на човечкиот живот“.

„Од Белата куќа до вашите домови, животот повторно победува во Америка“, им рече потпретседателот Мајк Пенс, жесток противник на абортусот, на собраните луѓе кој веќе 46 години јсе спротиставуваат пресудата на Врховниот суд во познатиот случај „Ро против Вејд“, со која на 22 јануари 1973 година беше легализиран абортусот во САД.

Годишнината на оваа одлука е можност за конзервативната и христијанска десница да ги собере своите симпатизери и да бара измени на законот.

Трамп во Врховниот суд постави двајца судии кои се против абортусот, што предизвика страв кај поборниците на правата на абортус дека сегашните прописи би можеле да бидат променети.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.