ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Израел: Новиот претседател на Иран е посветен на нуклеарните амбиции на режимот

„Новиот претседател на Иран, познат како Касапот на Техеран, е екстремист одговорен за смртта на илјадници Иранци. Тој е посветен на нуклеарните амбиции на режимот и неговата кампања на глобален терор“, објави Лапид синоќа на Твитер.

Во одвоено соопштение на министерството за надворешни работи на Израел е наведено дека изборот на Раиси би требало да „поттикне сериозна загриженост на меѓународната заедница“, пренесуваат израелските медиуми.

Портпаролот на израелската дипломатија Лир Хаиат оцени дека Раиси ќе биде најекстремниот претседател во историјата на Иран.

„Тој е екстремистичка личност, посветена на брзото напредување на воената нуклеарна програма, неговиот избор придонесе иранските вистински малигни намери да станат појасни“, наведе портпаролот.

Во четвртокот министерот за одбрана на Израел Бени Ганц кажа дека Израел и САД забрзано работат да го зајакнат надзорот на нуклеарната програма на Техеран, предупредувајќи дека „сите опции се во игра“, алудирајќи на спремност на Израел да изведе воен удар за да го спречи Иран да стекне нуклеарно оружје.

Началникот на генералштабот на израелската војска Авив Кохави ќе се сретне денес во Вашингтон со американски воени функционери и ќе разговара за иранската нуклеарна програма и експанзионистички напори на таа земја во регионот, наведе израелската војска.

Кохави отпатува во САД во време на тензии меѓу САД и Израел поради тоа што администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден планира да се врати во нуклеарниот договор со Иран од 2015 година, на што се противат израелските власти.

Израелскиот телевизиски Канал 12 синоќа пренесе дека израелски безбедносни функционери веруваат дека новиот претседател на Иран е продолжена рака на екстремистичките погледи на врховниот лидер Али Хамнеи во однос на надворешната и нуклеарната политика, оценувајќи дека Израел повторно мора да подготвува план за потенцијален напад врз нуклеарните објекти на Исламската Република.

Раиси, судија екстремист кој е под американски санкции за кршење на човековите права, победи вчера на претседателските избори во Иран, како што се очекуваше.

Please follow and like us:
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.