Изетбеговиќ: Шмит нема да наметне изборни измени без консултации со партиите
Високиот меѓународен претставник во БиХ Кристијан Шмит нема да наметнува измени на изборниот закон без консултации со претставниците на политичките партии на таа земја.
Вакво уверување добил претседателот на СДA (Партија за демократска акција) Бакир Изетбеговиќ во телефонскиот разговор со Шмит, откако во јавноста се појави нон-пејпер за измените на Изборниот законик кои, наводно, високиот претставбик планира да ги наметне.
Поради можноста за наметнување измени во Изборниот законик, денеска во 19 часот пред канцеларијата на високиот меѓународен претставник во БиХ ќе се одржи протест на повик на Дерво Сејдиќ, жалителот пред Судот за човекови права.
На повикот се приклучија и Партијата за демократска акција (СДА), Социјалдемократската партија на БиХ (СДП) и Демократскиот фронт (ДФ), Наша партија, Движењето за демократска акција (ПДА), Партијата за БиХ (СБиХ), Народната европска алијанса на БиХ (НЕС), Народ и правда (НИП) и други.
На денешната прес конференција Изетбеговиќ го повтори повикот за учество на протестот и соопшти дека од Шмит добил уверување дека нема да направи ништо без консултација со партиите. Изетбеговиќ информира дека сега очекува високиот претставник своите ставови за изборните реформи да ги соопшти пред пратениците во Парламентот на Федерацијата БиХ, особено што се најавени измени во Уставот на тој ентитет