ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

ИЗГЛАСАНА РЕЗОЛУЦИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ ЗА „ЦРВЕНИТЕ ЛИНИИ“

Собранието ја изгласана Резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ за државните позиции во преговорите со Бугарија. 

Со 95 гласа за и еден воздржан собранието ја изгласа резолуцијата на ВМРО ДПМНЕ за државните позиции во преговорите со Бугарија откако претходно пак пратениците од парламентарното мнозинство го изгласаа амандманот за во резолуцијата да влезе уставното имер Р. С Македонија.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ не го гласаше овој амандман, но крајниот исход беше дека и власта и опозицијата дадоа поддршка на Резолуцијата а од собраниската говорница ги изнесоа и своите ставови. За ВМРО-ДПМНЕ резолуцијата е важна за да не се нарушува гоирдоста и достоинството на македонскиот народ, јазик и идентитет за власта пак тоа е аргумент дека се става крај на како што велат лажните вести за предавство.

И пратениците од албанскиот опозициски блок со поддршка за резолуцијата, но не пропуштија прилика да ги изнесат и своите ставови и гледишта дека земјава нема друга алтернатива освен Европските интеграции. 

Честитки за гласањето на резолуцијата денеска упати и лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кој пак не пропушти прилика да посочи дека власта е таа која требаше да биде иницијатор на истата а не опозицијата.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.