ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Избришете го Facebook – повторно порача основачот на WhatsApp

Коосновачот на популарната апликација WhatsАpp Брајан Ектон ги повика корисниците на Facebook да ги избришат своите профили на оваа социјална мрежа.

Ектон во 2014 година ја продаде апликацијата WhatsApp на Facebook за 14 милијарди долари, а од компанијата си замина во 2017 година. Денес е шеф на Signal, непрофитен ривал на WhatsАpp, а отровната стрела ја упати кон директорот на Facebook Марк Закерберг, обвинувајќи го дека тргува со приватноста на корисниците за да може да ги таргетира рекламите на неговата платформа и да си ги зголемува приходите.

Ектон ги повика луѓето да го „одбијат“ Facebook и да го избришат од сите свои уреди.

Тој и претходно отворено ги критикувал компаниите од Силициумската долина, вклучувајќи ги Facebook и Google, обвинувајќи ги дека мотивирани од поголема заработка, ги злоупотребуваат податоците на корисниците.

Ова е втор случај во кој Ектон јавно се произнесува по овие прашања. Лани преку Twitter повика дека е време да се избрише Facebook, откако социјалната мрежа влезе во скандалот со политичката консултантска фирма Cambridge Analytica.

Податоците на 87 милиони корисници беа изложени и искористени без одобрување, а тоа го направи фирмата Cambridge Analytica, поврзана со кампањата на американскиот претседател Доналд Трамп во 2016 година.

Facebook се соочува со тековни тужби и истраги на регулаторни тела во врска со приватноста на корисниците.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.