ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Избори во БиХ: Мала револуција

Владеачките партии во БиХ загубија на локалните избори во Сараево, Бања Лука, Тузла, Зеница, Бијељина… Мала револуција со помош на гласачко ливче во големите градови. Според аналитичарите, тоа е казна за корупцијата.

Победата на кандидатот на Партијата за демократски прогрес (ПДП), Драшко Станивуковиќ, кој имаше поддршка од низа опозициски партии, на изборите за градоначалник наБања Лука, е можеби најголемото изненадување на локалните избори во Босна и Херцеговина.

Во текот на славјето во изборниот штаб, Станивуковиќ најави отворање на Бања Лука за граѓански собири, кои беа ограничени од страна на претходната власт, и рече дека неговата победа би требало да биде знак за цела Република Српска. „Ова е порака и до сите наши граѓани, кои заради лошата политика мораа да го напуштат нашиот град, да се вратат во Бања Лука“, рече Станивуковиќ.

Претседателот на Сојузот на независни социјалдемократи (СНСД), Милорад Додик, го призна поразот и рече дека „губењето на Бања Лука не е мал удар“.

Во коментар за локалните медиуми, уредникот на бањалучкиот портал „Вистинито“, Жељко Раљиќ, оцени дека победата на Драшко Станивуковиќ е „израз на граѓанското незадоволство во Бања Лука, каде СНСД владее од 2000 година“: „Препознато е дека таа власт работела за свои интереси, а не за интересите на граѓаните. Со ова почнува циклусот на промени во Република Српска, а потоа и во цела Босна и Херцеговина“, смета Раљиќ.

Срѓан Мандиќ: Ова е почеток на нова БиХ

Во Сараево, партиите со граѓанска ориентација „Четворка“ – Наша партија, Социјалдеморкатска партија на БиХ, Народ и правда и Независна босанскохерцеговска листа, ја поразија во неколку општини Партијата за демократска акција (СДА), што се смета за големо свртување на гласачкото тело во главниот град на БиХ.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.