Избегната трагедија во Турција: Канадер за малку ќе удреше во џет-ски (ВИДЕО)
Во турското летувалиште Бодрум е направено видеото на кое се гледа како канадер се спушта да земе вода за да изгасне еден од големите пожари што ја опустошуваат Турција, а во еден момент возачот на џет-ски му го попречува патот.
Авионот буквално поминува пред канадеротот, поради што пилотот мора нагло да закочи за да избегне директен судир. Возачот на џет-ски продолжил да вози како ништо да не се случило.
Да потсетиме, Турција со недели се бори со големите пожари. Има речиси 200 од јули, уште 12 се активни и најлоши во историјата на земјата.
Десетици илјади хектари шуми изгореа во медитеранските и егејските провинции, а турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ги прогласи пожарите за најлоши во турската историја. Осум лица загинаа, а илјадници Турци и туристи морале да побегнат од пожарот.