ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Иванов оди во пензија – од Водно се сели во висококатниците на Џеваир, каде закупил канцеларии

По десет години поминати на Водно, претседателот Ѓорге Иванов се сели во кулите на Џевахир скај сити. Самиот си ги избрал канцелариите каде ќе работи како поранешен претседател на државата и за тоа ја известил владината Служба за општи и заеднички работи. Веќе е потпишан и преддоговор за закуп, а сметката ќе ја плаќа владината служба.

На своите 59 години Иванов одбрал да се пензионира, наместо да и се врати на професорската работа на Правниот факултет. Освен нови канцеларии, Иванов ќе добие и буџет од 150 илјади евра, тројца вработени, личен возач, обезбедување и пензија од 91 илјада денари. Пензијата на поранешните претседатели е иста како и претседателската плата.

На својот последен ден од мандатот, в недела, Иванов ќе го пречека новиот претседател на државата Стево Пендаровски со спакувани куфери. По свеченото примопредавање тој истиот ден ќе се исели од претседателската палата на Водно, каде живееше 10 години. Каде ќе избере да живее, од неговиот кабинет не одговорија.

Иванов на избор има три стана. Два во новата зграда на Водно од 130 и 90 метри квадратни и еден на Илинденска во центарот на Скопје во сопственост на неговата сопруга. Државната антикорупциска комисија ги истражува токму становите на Водно, кои не беа пријавени во анктениот лист за неговата имотна состојба. Антикорупционерите чекаат тој да објасни како ги купил двата стана, кои се водат на име на неговиот син, а кои според проценките чинат над 250 илјади евра.

Иванов дојде во претседателската вила со поддршка на дел од професорскта фела и ВМРО-ДПМНЕ. Заминува како претседател со оспорен легитимитет од страна на политичките опоненти но и од дел од истатата професорска елита што своевремено го поддржа. Ќе остане запаметен по прогласената па повлечена аболиција поврзана со политичките бомби, отворено спротивставување на преспанскиот договор, непотпишување на Законот за јазици, но и не назначувањето на Зоран Заев за мандатар по парламентарните избори, што повлече тектонски поместувања на политичката сцена во земјата.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.